Повеќе од 20.000 ветерани се пријавија за бесплатно користење на ChatGPT Plus
Во изминатата година, повеќе од 20.000 ветерани и воени лица што преминуваат во цивилен живот ја искористија понудата на OpenAI за една година бесплатно користење на ChatGPT Plus. Во пресрет на Денот на ветераните, оваа бројка ни дава можност да видиме како ветераните користат ВИ за да се подготват за цивилни кариери и да одлучат што следува за нив и нивните семејства.
Иницијативата потекна од ветераните што работат тука, во OpenAI — луѓе што секојдневно ги користат овие алатки и од лично искуство знаат колку тежок може да биде преминот во цивилен живот. Покрај бесплатниот пристап, OpenAI Academy и нашите партнери во заедницата организираа повеќе од дванаесет обуки за речиси 1.000 членови на воената заедница, а уште седум(се отвора во нов прозорец) се закажани до крајот на годината.
Напуштањето на војската често значи влегување на непознат пазар на труд и изнаоѓање начини искуството од годините служба да се примени на цивилно работно место. Многу ветерани се обраќаат кон ChatGPT за да си го организираат барањето работа, да вежбаат за интервјуа и да истражат кариерни насоки за кои претходно не размислувале.
Ветеранот на воздухопловните сили Тилак Батнагар(се отвора во нов прозорец) ја искористи бесплатната година за да се подготви за дванаесетина интервјуа, да најде соодветни зборови со кои ќе им го опише своето воено искуство на цивилните работодавачи и да ги спореди понудите за работа. Воедно, тие разговори му помогнаа да си разјасни што навистина сака од животот по активната воена служба.
На крајот се вработи во технолошка компанија. Најмногу ја ценеше можноста да продолжи таму каде што застанал, враќајќи се на истиот разговор за своето искуство, цели и ограничувања. Како што самиот рече, „секој разговор се надоврзуваше на претходниот“.
Садаријан Бел(се отвора во нов прозорец), исто така ветеран на воздухопловните сили, почна да планира повеќе од една година пред да ја напушти службата. Го користеше ChatGPT за да го испланира преминот во цивилен живот и да го преточи своето речиси десетгодишно искуство во военото здравство во биографија за цивилни работни места.
За да се подготви за интервјуа, вежбаше наглас со гласовниот режим на ChatGPT, прашање по прашање, сè додека одговорите не му звучеа природно. „Навистина стана мој кариерен советник“, рече Садаријан, иако научил и да препознава кога добил доволно помош и може да се потпре на сопственото расудување.
За ветеранката на морнарицата Кели Рамирез(се отвора во нов прозорец), преминот во цивилен живот беше можност да оствари долгогодишен сон: да стане авторка со објавени дела. Таа веќе имаше вложено во курс за пишување книги за да ги усоврши своите вештини, а ChatGPT ѝ помогна со она што недостигаше. „ChatGPT ми помогна да ги организирам идеите, да поставувам прашања за издаваштвото и да поминам низ процесот на објавување преку Amazon Kindle Direct Publishing“, рече таа.
Оттогаш Кели објави две книги, за кои вели дека „ја одразуваат мојата желба да им помогнам на жените да ѝ пристапат на технологијата со самодоверба, а на оние што ја споделуваат мојата христијанска вера — и со мудрост втемелена во таа вера“.
Не секој од почеток се чувствува сигурно при користењето алатки со ВИ. Затоа, OpenAI Academy им нуди на ветераните, воените лица што преминуваат во цивилен живот и сопружниците на воени лица место каде што можат да учат заедно со луѓе што разбираат низ што минуваат.
OpenAI неодамна ја заврши првата серија од шест настани на Academy со Veterans Forge(се отвора во нов прозорец), насочена кон тоа да им помогне на ветераните и воените семејства да го користат ChatGPT за да работат на своите цели. Оваа пилот-програма, заедно со работилниците одржани со AI Collective Hampton Roads и NPower, ни помага да осмислиме што следно ќе им понудиме на ветераните.
На една работилница во Рестон, Вирџинија(се отвора во нов прозорец), речиси 100 ветерани и воени лица на активна служба(се отвора во нов прозорец) истражуваа како практично да ја применат ВИ. Учесникот Рајан Каоно-Ведемајер(се отвора во нов прозорец) научи најпрвин детално да го опише своето воено искуство, а потоа да побара од ВИ да му помогне да го обликува во биографија за цивилни работни места.
Инструкторката Ерин Мари(се отвора во нов прозорец) им помогна на учесниците да создадат приспособени GPT‑а за поддршка при преминот во цивилен живот. Притоа гледаше како луѓето што дошле со скепса почнуваат да откриваат начини на кои алатките навистина можат да им помогнат.
Во Луисвил, Кентаки, повеќе од 80 членови на Американската легија(се отвора во нов прозорец) присуствуваа на три обуки за ВИ на националната конвенција на организацијата. За оние што не можат да присуствуваат на настан, нашата онлајн-збирка за ветерани(се отвора во нов прозорец) и 100 разговори за ветерани(се отвора во нов прозорец) нудат примери што можете самостојно да ги испробате.
До крајот на годината продолжуваме со оваа работа со партнери низ целата земја:
12 ноември: Настан на NPower во Сент Луис(се отвора во нов прозорец)
14 ноември: Настан во Нешвил со Veterans Forge и Wounded Warrior Project(се отвора во нов прозорец)
17 ноември: 30-минутна виртуелна сесија(се отвора во нов прозорец)
19 ноември: Настан на NPower во Далас(се отвора во нов прозорец)
21 ноември: Настан на NPower во Сан Антонио(се отвора во нов прозорец)
Нашата цел е да им помогнеме на ветераните и воените семејства да ги применат вештините стекнати за време на службата во која било работа што ќе ја изберат понатаму. Благодарни сме на ID.me(се отвора во нов прозорец) што им помага на воените лица и ветераните да ја искористат понудата за една бесплатна година, како и на нашите партнери во заедницата што ги овозможуваат овие настани.
Овој Ден на ветераните, OpenAI им се заблагодарува на ветераните за нивната служба и за придонесот во нивните заедници.


